Дваесет и шест од дваесет и осум пријавени студенти ќе користат општински стипендии за студиската 2019/20 година.

Списокот на стипендистите е објавен на веб-страницата на Општина Кочани, а в петок, на 10 јануари 2020 година во 12 часот во Салата на Советот, студентите ќе ги потпишат договорите со Општина Кочани.

Оваа година бројот на стипендистите е речиси удвоен во споредба со претходните години. Службите за јавни дејности во Општина Кочани известуваат дека тоа се должи на годинашново несовпаѓање на периодот за аплицирање за општинските стипендии со конкурсот за државни стипендии, што придонесе за подобро искористување на буџетските средства по овој основ.

Конкурсот што го распиша Општина Кочани на крајот на ноември минатата година опфаќаше четири категории студенти: со висок успех во студирањето, студенти на факултетите за медицински науки, студенти од социјално загрозени семејства и од ромската етничка заедница. Како дефицитарни кадри, основ по кој кандидатите можеа да добијат пет бода, беа утврдени студентите на: Технолошки факултет, Текстилно инженерство, Ветеринарство, Mузичка уметност, Хемија и Биологија.

Стипендиите се доделуваат за период од десет месеци почнувајќи за студиската 2019/20 година, а износот е 3 000 денари месечно по студент.

Општина Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари