Со лепење на пораки на дрвјата покрај кејот на „Кочанска река“ во централното градско подрачје, млади активисти од Здружението „Green“ од Кочани како што истакнаа имаат цел да ја подигнат свеста кај населението за зачувување на животната средина.

Истовремено ги отстрануваа и некролозите од дрвјата при што и упатија апел до населението во иднина наместо тоа да го прават на дрвата некролозите да ги лепат на местата одредени за таква намена – бетонските столбови.

Од здружението истакнуваат дека ова се само дел од повеќето акции кои се планирани за во иднина со една единствена цел – конечно да почнеме сите да се грижиме за животната средина.

С. Ивановски

52

53

54

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари