Залудни се и здруженијата за чист воздух, и поединци борци за зачувување на животната средина кога дел од земјоделците и понатаму си тераат по свое, си палат стрништа кога ќе им текне без да помислат дека на сите им нанесуваат штета.

Не знаеме каде треба да се бара виновникот, но очигледно е дека државата не сака да си ја истера работата до крај па сакале или не вината секогаш ќе ја префрламе во државните институции кои се премногу меки спрема земјоделците.

Минатата година кога се откри ГМО ориз во некои магацини веднаш се побрза да се заташка работата за да не им останел непродаден оризот на оние кои имаа регуларни семиња, сега Градоначалникот на Општина Кочани запнал да им ги средува патиштата до нивите (не баре ние сме некоја развиена земја па сите бои ги вапцавме уште оваа остана невапцана), им се доделуваат субвенции, значи се сé прави да се задоволат нивните потреби ама по се изгледа тие тоа или не сакаат или немаат капацитет да го разберат.

И вечерва нивите на потегот од Грдовци кон југот гореа. И вечерва воздухот е загаден како никогаш, и вечерва се продолжи со трендот палење на огнови кој без разлика на годишните времиња во последните две години стана секојдневие.

Мора еднаш за секогаш да се стави крај на овие глупости или пак и понатака ќе се чека. Што ќе се чека, што треба да се случи доколку овие пожари се прошират кон блиските села не треба ниту да помислиме.

Кочанското поле повторно е во пламен до кога? никој не знае или не сака да го даде одговорот.

С. Ивановски

76

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари