„Осогово“ незадоволни од настапите и резултатите кои ги има постигнато ГФК „Осогово“ во натпреварите во Втората Фудбалска Лига – Исток, а по официјалното Соопштение од актуелното раководство преку Јавен повик за заинтересирани субјекти за преземање на клубот, формираа „Иницијативен Одбор“ за преземање на ГФК „осогово“.

За таа цел тие доставија писмено Соопштение кое го пренесуваме во целост.

ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ НА ГФК ОСОГОВО

Ние, долупотпишаните, поранешни членови на ФК Осогово, спортски работници и симпатизери, формиравме иницијативен одбор за преземање на ГФК Осогово, по официјалното соопштение од актуелното раководство преку јавен повик за заинтересирани субјекти за преземање на клубот.

Ја цениме досегашната активност и ангажман на актуелното раководство, нивната посветеност во начинот на функционирање и опстојување на клубот, меѓутоа за жал резултатите кои ги има ГФК Осогово во натпреварувањето во Втора лига – исток се незадоволителни и лоши.

Спремни сме да ја преземеме обврската за водење на клубот во иднина, да доставиме програма за работа и да направиме кадровско екипирање со еминентни фудбалски имиња кои имаат оставено длабоки траги во Осогово, како и со претставници од бизнис секторот.

Веруваме дека на тој начин ќе го подигнеме најстариот и најрепрезентативен спортски колектив во Општина Кочани, на едно повисоко ниво и заеднички ќе се радуваме на многу поголеми фудбалски резултати.

Им оставаме простор на досегашното раководство на ГФК Осогово да одлучи каква ќе биде формата и начинот на преземање.

Ова првично писмо со намера, а во прилог на потпишаните лица од иницијативниот одбор ќе го испратиме до Управниот одбор на ГФК Осогово и до локалните медиуми.

Спортски поздрав,

18.12.2019

ИО за преземање на ГФК Осогово

IO-1

IO-2IO-3

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари