Денес е денот „Д“ за Македонскиот ракомет. Во „Штадхале“ арената во Виена нашите ракометари го играат натпреварот по кој ќе се знае дали ќе продолжиме на на Европското Првенство или ќе испаднеме уште во натпреварите во групи.

Натпреварот против домаќинот Австрија е натпревар за исчекување и на „Кочанската навивачка 5-ка“ бидејќи по неговото завршување и тие ќе знаат дали се враќаат дома или ќе го продолжат својот престој.

„Одигравме натпревар полн со грешки против Чешка што не остави да со страв да го исчекуваме денешниот натпревар. Мислам дека сепак сме далеку поквалитетни од домаќините, дека ќе победиме и дека на крајот сите во арената ќе се радуваме, а ние петмината од Кочани ќе продолжиме да ги бодриме нашите момчиња и понатака“ ни рапортираше Тодор Манев

Па ајде да ги стиснеме сите палците и да бидеме дел денешниот настан во Виена.

С. Ивановски

82911734_479440849666134_3048656795603042304_n

82607754_2594384443948267_1007263942235389952_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари