Околу 13 км асфалт треба да биде поставен на улици и патишта во градот Кочани и во населените места во 2020 година.

Од најавените 30 улици за изградба во тековната година, за 17 веќе е избран изведувачот, јавните набавки се во тек за осум улици, а два патни правци се во фаза на градба. За малкуте останати, наскоро ќе почне тендерската постапка за изведувач.

Тринаесет улици ќе се асфалтираат во градот и тоа во местата Прокарка, Варница, Лесна индустрија, Усова Чешма, во близина на Споменикот на слободата и кај Старата филтер станица. Се чекаат соодветни временски услови за да започнат градежните активности на десет улици во селата Оризари, Тркање, Долни Подлог, Мојанци и Прибачево.

Во руралниот дел ќе се асфалтираат по 2 км од месноста Крушка до Ајдар и од Оризари до Добра Вода.

За најавената градежна офанзива за изградба на улици во Кочани се наменети околу 125 милиони денари, од кои дел се и од општинскиот буџет.

Состојбата дополнително ќе се подобри со реконструкцијата на уште девет улици во градот. Ќе се отстрани горниот слој на асфалтот и ќе се постави нов на делови од улиците: „Раде Кратовче“, „Гошо Викентиев“, „Тодосија Паунов“, „4 Македонска бригада“, два крака на улицата „Маршал Тито“, „Илинденска“, „Плачковица“, „Коста

Рацин“ и „9 Мај“, за што, според првичните проценки се потребни околу 46 милиони денари, испланирани средства по разни основи.

Со Програмите за уредување на градежно земјиште, за помалите улици во градот и во населените места, каде пристапот на механизацијата за асфалтирање е отежнат, е планирано бетонирање.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари