Почитувани сограѓани,

Во македонското здравство со години наназад не се инвестираше во човечки ресурси, техничка опрема и капацитети.

Спроведените реформи беа деструктивни, инвестициите фиктивни, а проектите фантомски.

Сето тоа – благодарение на дегенеративната политика која ја водеше претходната власт, политика која го доведе здраството во примитивни услови и колапс.

Сите ја трпевме таа штета – пациентите од една и здравствените работници од друга страна.

Бевме сведоци на белата чума која што ја зафати нашата држава во секоја сфера во здравството.

Стотици искусни медицински сестри и квалитетни доктори заминаа во европските земји поради лоши услови за работа, мали плати и деградација на секое ниво.

Затоа, наш клучен чекор е донесување и спроведување на мерки за нормализација на состојбата во оваа есенцијална клетка во општеството и креирање на здравство еднакво на здравството во Европа и светот.

Затоа, наша цел е прекинување на овој одлив на кадри од најхуманата струка и нивно позиционирање на соодветната скала во општеството.

Во текот на последните три години, со сите зголемувања – основната плата на лекар специјалист се зголемува за 40%, на медицинските сестри за 20%, на општите лекари за 25%, а на здравствените соработници за 15%.

Платите во здравството децениски стагнираа – но Владата предводена од СДСМ конечно стави крај на оваа ситуација и за првпат после долги години се враќа угледот на здравствениот работник!

За првпат се враќа достоинството на целиот медицински персонал!

Во текот на последните три години во Општа болница Кочани со проширена дејност, покрај 32-те вработувања и 13-те специјализации – се обновуваат и болничките одделенија.

Реализацијата на буџетот е досега рекордна – над 90% – што претставува уште еден доказ дека остануваме посветени и транспарентни во подобрување на јавното здравство и услугите кои ги добивате Вие – нашите сограѓани!

Продолжуваме да градиме општество за сите!

Заедно одиме напред!

На ПРАВ ПАТ сме!

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари