На 22 и 23 јануари 2020 година (среда и четврток), во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани, ќе се одржи дводневна обука на темата Вешт финансиски асистент што ја организира Каровска ДООЕЛ од Скопје.

Обуката е наменета за ученици, студенти и за невработените кои имаат желба за личен напредок, но и за младите вработени кои се дел од финансиското и административното работење и кои би го дополниле потребното знаење во делот за поимот за сметководство, книжењето/бележењето на состојбите кај нивните работодавачи, читањето на билансите, платите, пописите, даноците и сл. Кратко, обуката ги опфаќа сите што сакаат да говорат на јазикот на сметководството и финансиите.

Целта на обуката е сметководтсвеното односно финансиското знаење кај вработените да биде на солидно ниво, што овозможува натамошната соработка со компаниите да е целосна и ефикасна токму со таков обучен кадар.

Обуката ќе резултира со: правилна употреба на сметководствениот/контниот план; препознавање на класи, нивна натамошна употреба во делот на сметководството; значење на класите 4, 7 и 8 – читање на Билансот на успех; значење на класите 0,1,2,3,6 и 9 – читање на Билансот на состојба; административен и финансиски асистент кој го разбира финансиското, сметководствено работење; сметководител кој ќе го продлабочи и употребува знаењето за финансиското, сметководствено работење; залихи согласно Меѓународните сметководствени стандарди 2 (МСС 2); подлабоко разбирање на пропишаните законски регулативи за залихите и пописот и нормираните износи на кало, растур, крш и расипување; правилен и точен попис, а со тоа намален ризик од евентуални кусоци; вработен кој ќе умее да пресмета плата и знае за долгорочните и краткорочни поволности за вработените согласно Меѓународен сметководствен стандард 19 (МСС 19); Употреба на новите законски промени: новите законски измени и дополнувања на Законот за ДДВ, измени и дополнувања на Законот за данок на добивка, Законот за изменување и дополнување на Законот за данок на личен доход каде целта на измените и дополнувања на Законот за данокот на личен доход е да се регулира мирувањето на примената на прогресивниот данок на личен доход, Уредбата за номенклатурата на средствата за амортизација и годишните амортизациони стапки, како и начинот на пресметување на амортизацијата, односно отписот на вредноста на материјалните и нематеријалните средства и др.

Предавач е Мери Каровска, дипломиран економист со уверение за овластен сметководител издадено од ИСОС.

Обуките ќе траат по четири часа, од 16:30 до 20:30 ч. За сите учесници ќе биде обезбеден работен материјал и сертификат за учество.

Цената на обуката е 2.400 денари, а со уплатата се потврдуваат пријавата за обуката и местото во групата. Рокот за пријавување е до 21 јануари. Плаќањето е по фактура на сметката на Каровска ДООЕЛ – Скопје. Повеќе информации на merikarovska@gmail.com или на www.karovska.mk.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари