Би сакале да информираме дека во насока на исполнување на нашите заложби за намалување на пластичниот отпад од земјоделието во изминатиов период имавме повеќе средби со претставници на преработувачките капацитети на земјоделски производи и култури во општина Чешиново-Облешево.

На средбите се дискутираше за штетното влијание на пластичниот отпад од земјоделството, поврзаноста на пластичниот отпад со климатските промени и можноста за собирање и превземање на пластичниот отпад од земјоделството за понатамошно рециклирање.

„Пластиката не се разложува и останува да тлее и да ги загадува почвите каде ја одгледуваме храната. Производството на пластика и горењето на пластиката дополнително придонесуваат за емисии на стакленички гасови кои се причина за климатските промени. Затоа е особено важно ваквиот отпад да се селектира и рециклира# изјави Ирена Мирчовска – координатор на проектот.

Претставниците на преработувачките капацитети беа заинтересирани за можностите за ваква соработка и се согласија дека пластичниот отпад од земјоделството како и другиот отпад претставува проблем со кој се соочуваат секојдневно и кој е огромна закана по животната средина. Она што недостасува е и превземањето на селектираниот од нив отпад од лиценцирани фирми за управување со отпад.

„И покрај тоа што во рамки на нашите капацитети пластичниот отпад од земјоделството од неодамна се селектира, ние бевме приморани истиот да го чуваме подолг временски период поради фактот што истиот до сега беше превземан од фирми од Скопје и Тетово кои не ни беа дстапни во секој момент“  изјави Тошо Богатинов млин „Оризарство“ – Чешиново

Здружението за екологија и заштита на животната средина Еко Тим Исток – Кочани, овие средби ги реализира во рамки на проектот „Селектирај пластичен отпадод земјоделството и дај свој придонес за борба против климатските промени“. Проектот е дел од подгрантовата програма на проектот „ Да зборуваме за климатските промени“ кој го имплементира Еко-свест, CNVP Македонија и ДЕМ.

DSCN0540

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари