Изложбата на карикатури и афоризми под наслов  „Смееш да се смееш“  од Ленче Стоименова денес беше отворена во „Фоаје 2“ при НУЦК „Бели Мугри“ во Кочани. Водител беше Севдалина Станкова а Стоименова преку карикатурите го исмејува и со иронија го претставува секојдневниот живот на дел од македонскиот  народ и  политичките случувања  во државата.

„Во карикатурите  ги  опишувам недостатоците  во општеството, неправилностите во секојдневното живеење,  смешни згодни и незгодни ситуации. Имам претставено и афоризми, не само карикатури“, рече Ленче Стоименова, автор на изложбата.

Карикатуристот Миро Георгиевски за Ленче Стоименова ќе рече дека  е писател, поет, афористичар,  илустратор, карикатурист .во секоја од наведените области на уметноста –   интересна, актуелна и блиска до оној кој ги консумира нејзините дарби. Времето, поточно „не-времето” во кое живееме, за луѓето што се занимаваат со карикатура и афоризам е речиси „измислено”. Полно со настани, предизвици, ситуации и личности кои просто  „плачат” да бидат тема, а  Ленче знае многу убаво сето тоа да го перцепира и со нејзиниот цртеж и збор  да предизвика смеа, ама и тага за сето она што ни се случува.

Ленче е редовен учесник  на голем број изложби, литературни читања. Карикатурата што  ја работи таа   претставува компилација  на  убаво  осмислена  приказна , многу често  составена во форма на афоризам  и цртеж, кој на прв поглед делува едноставно и наивно. Афоризмот, кој претставува можеби една од најтешките литературни форми, ленче умно и вешто го користи отсликувајќи ги збиднувањата во матните и разбранувани води на политиката, животот и секојдневието. Нејзините афоризми се секогаш актуелни и интересни за слушателите.

82517949_210533063307131_8357119975550353408_n

82241822_597205987506132_1065855293381935104_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари