Преку 50 000 евра е првичната неофицијална проценка од штетата која ја предизвика пожaр во две семејни куќи во с,Блатец, на браќата Глигор и Јован Симонски.

Пожарот кој избувна завчера во раните утрински часови целосно го уништи домот на постариот брат Јован, а огромна е штетата и во куќата на помладиот брат Глигор кој денес пристигна од Германија.

Од куќата која летото комплетно ја реновирал, сега ги гледаше само остатоците од скапиот мебел на горниот спрат.

Ја реконструирал за да можат пензионерските денови да ги поминуваат во родното Блатец, а тука на лето да уживаат и неговите внуци, но глетката денес беше и повеќе од трагична. Низ солзи, нивната сестра Марија Симонска која живеела во старата куќа на помладиот брат денес раскажуваше дека пожарот најверојатно избувнал од оџакот, кој соседите го забележале уште во 9 часот одвечер дека фрла искри, но трската во стариот дел од куќата утрината пред 6 часот пламнала целосно и ги зафатила и двете куќи на двајцата браќа.

Градоначалникот Ивица Димитров денес им понуди конкретна финснсиска помош на семејствата и побара од нив да отворат жиро сметки за да може граѓаните со своја донација да помогнат во обновувањето на домовите на Симонски.
Деновиве се очекува да се организираат и акции со кои би се помогнало да се санираат штетите и да се преземат конкретни мерки за подршка на овие две фамилии.

Од ТППЕ во Виница која интервенирала со 10 пожарникари и 4 цистерни велат дека пожар од вакви размери одамна не се памети на овие простори.

32

33

34

35

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари