Во организација на Федерацијата на Боречки Спортови на Македонија денес во Скопје во салата „Зеф Љуш Марко“ се одржа „Изборното првенство на Македонија во борење слободен стил за кадети и сениори“.

Двајца некогашни борачи на „Спартак“ од Кочани кои моментно настапуваат за други клубови го освоија првото место во своите категории.

Иван Јанев со импресивен настап, со пет победи во исто толку борби и без ниту еден загубен поен се искачи на највисокото место на пиедесталот во категоријата до 61 килограм.

Прво место освои и Столе Ефтимов во категоријата до 92 килограми.

За жал на ова првенство и во двете конкуренции немаше претставник на некогаш најтрофејниот клуб во „градот на оризот“ – БК „Спартак“.

Честитки и за Јанев и за Ефтимов за освоените први места со кои се потврди дека Кочани од секогаш бил извор на добри борачи кои за жал во последните години исчезнаа од струњачите.

С. Ивановски

72

7374

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари