Крстот се најде во рацете на Горан Зашов откако тој беше најбрз и најсреќен меѓу 32-цата капачи кои денес по повод големиот празник „Водици“ се фрлија во осветените води на „Кочанска река“.

По повод големиот празник „Водици“ или „Богојавление“  во присуство на повеќе илјади верници крстот во осветените води на „Кочанска Река“ го фрли Митрополитот Брегалнички, Господин Иларион.

Пред свеченото одбележување на „Водици“ во православниот храм „Свети Великомаченик Ѓорѓи“ пред голем број на верници се одржа свечена божествена литургија по чие завршување свештениците од храмот заедно со верниците со свечена литија се упатија кон мостот кај „Паркот на Револуцијата“ каде што се одржа водосветот и каде што свечено беше одбележан празникот „Водици“.

Храмот „Свети Великомаченик Ѓорѓи“, Техничкиот Премиер на Република Северна Македонија Оливер Спасовски, Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев и претставник на компанијата „Зегин“ на Горан Зашов му врачија пригодни подароци.

С. Ивановски

DSCN9968

DSCN9957

 

DSCN9961

DSC_0163

DSC_0181

DSCN9976

DSCN9979

DSCN8447

DSCN9995

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари