Деновиве излезе од печат првата книга – поезија од Божидар Митев насловена како „Изворот на мојата душа“.

Во книгата како што наведува самиот автор пишува поезија и тоа во моментите кога ќе добиел инспирација што е причината да истата ја пишува малку подолг период. Цената на книгата изнесува само 100,00 денари.

Инаку Божидар Митев е и млад перспективен фудбалски судија. Знаменцето покрај аут-линијата почна да го мавта од оваа есенска сезона а неговите колеги велат дека доколку продолжи така ќе има блескава судиска кариера.

Божидар Митев докажа дека поезијата и спортот можат да одат заедно а како што рече секој настан за него е поезија.

С. Ивановски

DSCN8461

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари