Почитувани граѓани,

Она што СДСМ го вети во својата изборна програма: дека наставниот кадар ќе добие целосна поддршка и ќе застанеме во одбрана на честа и достоинството на секој наставник, тоа и го реализиравме во овие две и пол години, откако сме на власт.

СДСМ како партија и Министерството за образование и наука градат сопствен концепт на образование, соодветен на новите потреби и можности, почитувајќи ги европските стандарди.

Почитувани, кратко потсетување за сето тоа што СДСМ како одговорна партија го реализира во образованието за овој краток период:

– Го укинавме екстерното тестирање како еден од најлошите системи за вреднување на постигањата на учениците, наставниците и училиштата, а со тоа беа отстранети сите механизми за контрола и казни кон наставниот кадар.

– Донесовме Сеопфатна стратегија за образование 2018 г.-2025 г., во која се содржани голем број активности кои се релевантни за подобрување на квалитетот на образованието: нов Закон за високото образование каде што факултетите повторно ја добија својата автономија, Закон за студентски стандард, Закон за основно образование, Закон за наставници и стручни соработници каде јасно е дефиниран кариерниот развој на наставникот и стручниот соработник.

– Во соработка со УНИЦЕФ се воведе инклузивност во Законот за основното образование за учениците со попречност, како и лични и образовни асистенти за истите.

– Го реформиравме средното стручно образование со нови модуларни наставни програми, приспособени кон пазарот на трудот,

– Воведовме и дуално образование во неколку средни училишта.

За нас ЗБОРОТ Е ЗБОР и затоа, една од најважните одлуки кои ги донесе оваа Влада е покачувањето на платите во образованието.

Како партија точно знаеме дека без мотивирани наставници нема успешни образовни промени, затоа покачувањето на платите во образованието за 11 % во претходните две години , а од јануари оваа година за уште за 10 %, претставува важен исчекор кон реализација на даденото ветувањето кон целиот наставен кадар.

Претходната влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, за 7 години во образованието обезбеди покачување на платите за само 850 денари. Ние за две и пол години ги покачивме за повеќе од 2.000 денари.

Да нагласиме дека ова покачување од 21 % за наставниците е првпат по 10 години и опфаќа вкупно 32.000 граѓани вработени во образованието и науката.

НА ПРАВ ПАТ сме, бидејќи СДСМ знае дека секој вработен заслужува висока и реална плата поради својата мотивација и достоинствен живот, а приоритет и понатаму ќе биде вложување во човечкиот капитал во образованието!

Со почит,

ОО СДСМ Кочани

Станкица Атанасова,

член на Извршен одбор на ОО СДСМ Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари