Почитувани граѓани,

На вчерашниот прес на СДСМ на тема Образование беа искажани нереални остварувања за реалноста во образовниот процес во Република Македонија.

Слушајќи ги претставниците на локалната власт како зборуваат за образованието денес, добиваме впечаток дека образованието во Македонија почнува од нив и работи за нив, а не за нашите ученици и наставници, кои се главниот двигател на општеството.

Зборуваат за укинување на тест на знаење и за отфрлање на каква и да е контрола врз наставниот кадар. Впрочем, нивната стратегија отсекогаш била расипничка. Да се расипе каква било вредност, каков било развој на нештата.

Нашето образование моментално е во таква каша што ниту еден експертски готвач не може да го поправи нејзиниот вкус.

Зборуваат за некаква сеопфатна стратегија во образованието до 2025 г., а не знаат што ги очекува ниту во второто полугодие од тековната година. Зборуваат за факултетска автономија, а магистрираат на тема Образовна корупција.

Зборуваат за кариерен развој на наставникот, а демонстрираат семеен кариерен развој.

Зборувате за инклузија во образованието, а мислите за инклузија на партиски кадри. Зборувате за образовни асистенти, а асистирате само при роднински подавања.

Почитувани претставници на локалната власт, образованието не е фудбалски меч кој трае 90 минути. Не може да креирате едни тактики за еден натпревар, а други за следниот. Залудно е да се радувате на трите бода, ако на крајот на сезоната сте останале на дното на табелата. Образованието е трајна состојба.

Образованието е општеството… духот… иднината на државата, истата онаа чиј идентитет вие го урнисавте.

Образованието се гради со принципи и правила. Детето или средношколецот треба да бидат исчеличени во духот на знаењето, а да не заборавиме дека ВМРО-ДПМНЕ го имаше и продолжува да го негува слоганот: ЗНАЕЊЕТО Е СИЛА, ЗНАЕЊЕТО Е МОЌ! И најмногуте реформи отпочнаа со нас. Ние се заложивме и за угледот на наставникот и за статусот на ученикот. Образованието денес мора итно да се оперира, а не да го преврзувате. Неговото здравје е сериозно нарушено со вашите брзоносечки (не)потези чија примарна цел е што е можно поголемо вработување на кадар, кој на прв поглед излегува некадарен. А равенката оди оттаму или дотаму што некадарен кадар може да постави само некадарна власт.

И на крај, да не се залажуваме дека сме на „ПРАВ ПАТ“, затоа што вашиот прав пат секогаш води до крстопат. Додека ние ги асфалтиравме образовните патеки, вие на нашите ученици им отворивте само еден единствен пат: пат кон напуштање на државата.

Нашето образование не смее да доживее колапс. Нашава младина мора да ја вратиме назад на прагот на победите. Македонскиот образовен систем мора да биде рамо до рамо со заложбите, науките и вредностите! А тоа ќе го овозможат граѓаните кои на 12-ти април ќе дадат масовна поддршка на ОБНОВАТА НА МАКЕДОНИЈА.

Со почит,

Комисија за образование и наука при ОК ВМРО-ДПМНЕ Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари