Некогашниот борач на „Спартак“ од Кочани а моментно член на БК „Лирија“ од Скопје Столе Ефтимов, го понесе признанието „Најдобар борач во Македонија во категоријата јуниори за 2019 година“.

Вечерва, во организација на Боречката Федерација на Северна Македонија се одржа традиционалната манифестација „Најдобар борач во Македонија за 2019 година“.

Според постигнатите резултати во 2019 година за најдобар борач во категоријата „сениори“ е прогласен натурализираниот Македонец Магомедгаџи Нуров (Вардар), во категоријата „јуниори“ Столе Ефтимов (Лирија) а во категоријата „кадети“ Бесир Алили (Лирија). Во женска конкуренција титулата „најдобар борач“ и припадна на  Барбара Стојкоска (7 Мај Леов од Прилеп).

Манифестацијата се одржа во Хотел „Парк“ во Скопје.

С. Ивановски

83514442_257538681878857_8561302669262585856_n83181175_254396565718420_5505555471064367104_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари