Есенскиот Шампион во Трета Фудбалска Лига – Југ „Слога 1934“ од Виница ги запали моторите, днес попладне ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната од која очекува многу, задржување на првото место и влез во Втора Фудбалска Лига – Исток.

На првата прозивка што ја изврши Шефот на стручниот штаб Крсте Крстев не се појавија само неколкумина фудбалери и тоа од оправдани причини, работните обврски.

„Најпрвин ги претставивме новите играчи кои во зимскиот преоден рок и се приклучија на екипата. Борче Ужевски и Зоран Златковски се играчи кои ни беа потребни. Одбраната и нападот добија по еден играч плус и сега сме во потрага по еден играч за врска со што мислам дека ќе имаме состав и за наредното првенство кое се надевам дека ќе го играме еден ранг повисоко“ рече Крстев.

52

Околу подготовките беше јасен: „Подготовките ќе ги спроведеме во Виница на нашиот терен каде условите за овој период во годината се оптимални.. Планираме да имаме дневно по еден тренинг а од следната седмица да направиме два тренинга и тие да бидат само во недела . Најпрвин ќе работиме на физичката издржливост на играчите а потоа прејдуваме на техничко тактичката подготовка играјќи при тоа и неколку контролни натпревари“.

Како што не информираше Крсте Крстев засега се договорени пет контролни натпревари. Ќе се стартува со натпреварот против прволигашот „Борец“ од Велес во Виница на 05 Февруари. Потоа во Виница гостуваат „Победа“ од Прилеп и „Каменица Саса“. Четвртиот контролен натпревар е закажан во Гевгелија против домаќинот „Кожув“ а петтиот е со „Осогово“ во Виница. За крај се планира да се одигра еден меѓународен натпревар кој би бил генерална проба пред стартот на пролетниот дел од првенството.

С. Ивановски

53

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари