Дел од младите фудбалери од Фудбалската Школа „Фудбал Старс“ од Кочани предводени од тренерот Симеончо Митев денес спроведоа акција за зачувување на животна средина, односно ја чистеа околината околу двете заградени спортски терени, фудбалскиот и оној за кошарка.

„Целта ни беше да ги активираме дечињата во една акција со која и тие а и останатите жители ќе сфатат дека не треба да ја загадуваме околината во која поминуваме доста часови од денот. Денес ја чистевме околината околу заградените спортски терени, но не застануваме тука, напротив, продолжуваме со вакви и слични акции и во иднина се со цел да создадеме чиста животна средина во која сите убаво ќе се чувствуваме. Освен што сакаме да ги насочиме децата во спортот сакаме и културно да ги издигнеме бидејќи тие се нашата иднина“ рече Симеончо Митев по завршувањето на акцијата.

С. Ивановски

52

53

54

55

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари