На 26.01.2020 во 17.55 часот на магистралниот пат Штип – Делчево, во атар на с.Облешево, патничко возило „пежо 206“, со кочански регистарски ознаки, управувано од Д.К.(37) од с.Чифлик, излетало од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, по што бил пренесен во ЈЗУ Кочани за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

ИЗВОР: Дневни билтени на МВР

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари