Дваесет и еден цртеж на платно беа поставени во Салон „Фоаје“ во НУ ЦК „Бели Мугри“ во Кочани на отворањето на годинешната изложба „Кратово 2019“ како дел од 26-тата Меѓународна Ликовна колонија Лазар Софијанов.

Пред поголем број љубители на уметноста за самата колонија и за направените дела зборуваше м-р Александра Димитрова – Раководител на визуелна уметност при НУ ЦК „Бели Мугри“ – Кочани.

Извонредно сочуваната стара архитектура и големиот број на мостови стари неколку векови беа вистинскиот магнет за младите уметници кои минатата година учествуваа на 26-тата Меѓународна ликовна колонија Лазар Софијанов „Кратово 2019“.

Меѓу дваесет и едната поставена слика вниманието на кочанчани го привлекоа и цртежите од нашите млади сограѓани Маја Василова и Димитар Арсов.

С. Ивановски

DSCN8479

DSCN8478

DSCN8480

DSCN8475

DSCN8476

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари