Почитувани сограѓани,

Владата предводена од СДСМ, заедно со Министерството за здравство на чело со министерот Венко Филипче, постојано покажуваат дека се грижат за секој граѓанин, имаат слух за секој проблем и наоѓаат соодветни решенија.

Како што знаете и Вие, до пред неколку месеци, во првите пет дена од месецот се чекаше ред за да го земете потребниот лек. Не дај Боже да имавте потреба за лек при крајот на месецот. Се соочувавте со голем стрес дека морате болни да ги поминете сите аптеки во градот за секаде да го добиете одговорот дека „Квотата за овој месец е исполнета‟. Притоа, фармацевтите мораа да Ви објаснуваат што е тоа „квота‟, што за Вас беа непотребни информации, бидејќи Вие само го барате лекот што во моментот Ви е потребен.

Затоа, матичните лекари, поради Вашиот страв дека ќе останете без лекови, беа приморани да Ви пишуваат повеќе рецепти, а со тоа непотребно да правите залихи во Вашите семејни аптеки.

Но, почитувани сограѓани, од октомври 2019 година, Владата на СДСМ и Министерството за здравство, со мерката за укинување на квотите во аптеките – стави крај на сите турканици кои се случуваа на почетокот на месецот, како во аптеките, така и кај матичните лекари.

Со укинувањето на квотите се постигна рационална потрошувачка на лековите.

Секој може да го добие саканиот лек – секогаш кога ќе има потреба, односно во било кој ден од месецот. Притоа, за подигнување на лек на рецепт, доволно е само лична карта на пациентот.

Со ова докажуваме дека СДСМ на прво место ја става грижата за пациентите, затоа да продолжиме заеднички да чекориме на ПРАВ ПАТ!

ОО СДСМ Кочани

Емилија Серафимова

Член на Извршен одбор и Претседател на Kомисија за здравство во ОО СДСМ Кочани

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари