Снегот кој на „Пониква“ интензивно паѓаше преку целиот ден направи дебела снежна покривка која создава услови за зимските спортови.

Со снегот на „Пониква“ кој во моментот изнесува повеќе од 20 сантиметри денес стигнаа и првите скијачи.

Извонредно подготвената патека на „Ски лифт 1“ создаде прекрасни услови за неколкумина скијачи кои денешниот ден го поминаа на „Пониква“.

Дознаваме дека направени се обиди и за оспособување на патеката на „Ски лифт 3“ но според концесионерот патеката ќе биде комплетно подготвена доколку во ноќните часови се направи снежна покривка барем за 10 сантиметри повеќе од моменталната.

Љубителите на зимските спортови ќе можат да ги користат патеките за скијање секој ден во периодот од 09:30 до 15:00 часот.

С. Ивановски

6867

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари