Започна изградбата на улицата „Ангел Донев“ во Оризари, една од петте во населени места во руралните средини што се реализира со средства од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Стручните служби известуваат дека улицата е трасирана, а механизацијата ги изведува земјените работи. Во наредните денови ќе се врши тампонирање, а од двете страни е планирана изградба на тротоари, кои ќе бидат поплочени со бехатон. Градежните работи опфаќаат и дренажа, поставување рабници и асфалтирање.

Улицата „Ангел Донев“ во Оризари, долга 175 м, ја гради избраниот избедувач „Коп-инженеринг“ од Скопје.

Наскоро ќе почне изградбата на уште четири улици во полските кочански села. Со мерката 322 од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за Општина Кочани се одобрени средства за изградба на улиците: „Тоде Паунов“ (219 м) во Долни

Подлог, „Маршал Тито“ (196 м) во Мојанци, „Ангел Стојчев“ (146 м) во Тркање и „Михаил Арсов“ (264 м) во Прибачево.

Според градоначалникот Николчо Илијев, реализацијата на проектите од патната инфраструктура во населените места значајно придонесува за подобрување на квалитетот на животот во руралните средини и овозможува подинамичен и рамномерен локален развој.

1

2

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари