Врз основа на член 2 став 1), став 2) и став 3) од Уредбата за описите на категориите и нивоата на работните места на административните службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр.72/2014 и бр.147/2014), Секретарот на Општина Кочани, распишува

ЈАВНА ОБЈАВА

за ангажирање на лица за вршење работи – достава на акти со Договор на дело

Општина Кочани, распишува јавна објава за ангажирање на најмногу 20 (дваесет) невработени лица за вршење на работи – достава на акти со Договор на дело.

Лицата кои ќе бидат ангажирани за достава на акти, ќе вршат достава на Решенија за данок на имот за физички и правни лица, Решенија за комунлна такса за физички и правни лица и Опомени за данок на имот или комунална такса.

Доставата ќе се врши на територија на општина Кочани, односно општината ќе исплати паричен надоместок во износ 20 денари од достава на Решенија за данок на имот за физички и правни лица, Решенија за комунлна такса за физички и правни лица со Опомени за данок на имот или комунална такса.

Со секое ангажирано лице ќе се склучи посебен Договор, во согласност на член 619 од Закон за облигациони односи – Договор на дело.

Минимум критериуми и потребна документација за пријавување:

– Пријава за јавна објава, со лични квалификации, адреса и телефон за контакт;

– Лицата кои се пријавуваат да имаат завршено минимум средно образование;

Јавната објава трае 7 (седум) дена од денот на објавувањето, односно од 01.02.2020 година до 07.02.2020 година.

Пријавите со документацијата се доставуваат во Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани или по пошта на адреса: ул. Раде Кратовче бр.1, 2300 Кочани, Република Македонија.

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари