До 7 февруари е отворен повикот за ангажирање 20 невработени лица за достава на акти за потребите на Општина Кочани.

Лицата што ќе бидат ангажирани ќе вршат достава на решенија за данок на имот, решенија за комунална такса и опомени за данок на имот или комунална такса.

Со секое ангажирано лице Општина Кочани ќе склучи договор на дело, согласно со членот 619 од Закон за облигациони односи.

Заинтересираните лица треба да имаат завршено минимум средно образование и пријавите со документацијата да ги достават во Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани или по пошта на адреса: ул. „Раде Кратовче“ бр. 1, 2300 Кочани.

Општина Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари