Пред неколку минути ни беа испратени фотографии од совесни граѓани на кои јасно се гледа дека полињата повторно се во пламен со што повторно ќе имаме загадување на воздухот а причината за тоа загадувањето ќе  се бара преку партиското „мерења на мускулите“.

Според изјавите од оние кои ни ги испратија фотографиите претпоставка е дека е запалена цела една линија од потегот кај селото Мојанци кон Прибачево.

Дефинитивно ова човек со здрав разум не го прави, ова се себични луѓе кои единствено се заинтересирани за субвенции да им се доделуваат од државата без при тоа да мислат за последиците од загадувањето.

Убедени сме дека ќе се јават повторно оние кои ќе кажуваат за маката на земјоделецот а кога некоја од партиите ќе им даде наредба ќе излезат и истите тие ќе кажуваат приказни за нечистиот воздух од кој последиците постепено ќе почнат да излегуваат на виделина.

Да беше ова држава до сега и сторителите на ова гнасно дело како и на серијата претходни ќе се пронајдеа, но ова е време на анархија во кое секој мисли дека е главен и дека државата е негова лична сопственост.

С. Ивановски

8283

84

81

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари