Вечерва во ресторан „Амор“ во Кочани во присуство на голем број спортисти, тренери и љубители на спортот на свечен начин им беа врачени признанијата на најуспешните во спортот во „градот на оризот“ за изминатата 2019 година.

Признанието „Најдобар спортски работник“ му беше доделено на Драганчо Димитровски – Џајка, актуелен Претседател на Судиски актив при ОФС – Кочани.

Титулата „Најдобар тренер“ му припадна на Оливер Коцев – тренер во Карате Клуб „Партизан“ а за „Најдобар клуб“ беше прогласен Карате Клуб „Партизан“.

Во категоријата „Најдобар млад спортист на Кочани за 2019“ најмногу поени доби каратистот на „Партизан“ Филип Стојанов, а понатаму според добиените поени од комисијата следуваат:

2.Дино Лазарев – КК „Баскет Дино“

3.Наталија Карова – КК „Кочани“

4.Стефанија Павлова – ЏК „Гладијатор“

5.Иларија Цветкова – КГС „Кочани“

6.Лука Цветков – КГС „Кочани“

7.Антонио Јаношевиќ – КГС „Кочани“

8.Благоја Тасевски – КК „Партизан“

9.Младен Василов „Баскет Дино“

10.Николче Ефремов – ФК „Фудбал Старс“

Во сениорска конкуренција беа номинирани седум спортисти а според постигнатите резултати и добиени поени од членовите на Комисијата првото место а воедно и титулата „најдобар спортист на Кочани за 2019 година“ ја понесе каратистката на Карате Клуб „Партизан“ Мартина Шахинова. На второто место се пласира нејзиниот клупски колега Горги Петров а на третата и четвртата позиција се најдоа гимнастичарите од КГС „Кочани“ Стојан Атанасов и Ристе Симеонов. Петопласиран е Дамјан Крстов од ЏК „Гладијатор“ а каратистот на карате Клубот „Партизан“ Роберто Здравковски се најде на шестото место. Седмото место му припадна на Илија Охомуш од Карате Клуб „Кочани“.

Настанот беше проследен со културно-забавна програма.

С. Ивановски

DSCN8596

DSCN8573

DSCN8526

DSCN8533

DSCN8522

DSCN8508

DSCN8502

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари