Иако во последните 24 часа на двапати бевме контактирани од Центарот за комуникации на ОК на ВМРО ДПМНЕ – Кочани дека лидерот на партијата Христијан Мицкоски ќе престојува во работна посета на Кочани и дека ќе има обраќање пред медиумите, до такво нешто не дојде, барем кога се поголемиот дел од медиумите  во прашање.

Првата информација која ја добивме во текот на вчерашниот ден беше дека изјава ќе биде дадена во 15:30 пред Конфекција „Алекс“ во „Индустриската зона“ во Кочани, за да утринава биде променет терминот и давањето на изјава од страна на Мицковски е планирано за во 14:30 часот пред истиот објект.

Иако дел од медиумите во закажаниот термин (14:30 часот) беа пред Конфекцијата од лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски ниту трага ниту глас.

По чекање од половина час дел од новинарските екипи кои беа изложени на студениот ветер се повлекоа.

Подоцна добивме информација од некои наши колеги дека посетата на конфекцијата завршила порано и дека Мицкоски дал изјава но само пред еден од општинските медиуми.

Грешката е веќе направена и време за поправен нема, но чесно е да се излезе од Центарот за комуникации на ОК на ВМРО ДПМНЕ – Кочани и да се каже кој и каде ја утна работата.

Им се извинуваме на читателите што не сме во можност да пренесеме барем дел од изјавата на Христијан Мицкоски.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари