Почитувани,

Во време на фалби, китење со перја и мерење на моќ на политичките партии во градот, околу тоа кој колку придонел за градот, ние како Група на граѓани, која како и сите, со плаќање на даноци, комуналии, улично осветлување, допринесуваме градот да акумулира средства во буџетот кој би ги вратил назад на граѓаните преку изградба на патна инфраструктура, зеленило, пешачки патеки, осветлување и др. сме револтирани од односот кој го има Општината кон овој дел во градот. Сведоци сме на чести градежни активности во руралните подрачја и сметаме дека е за поздравување, но исто така сведоци сме дека во голем дел од тие подрачја гравитираат околу 10-тина жители и основно превозно средство им се запрежните коли.

Во исто време, делот за кој го излагаме овој револт, брои 6 станбени згради со по околу 15-20 станбени единици, а во истиот дел гравитираат и салони за бела техника, приватна детска градинка и има голема фреквенција на жители од други делови од градот и други градови.

52

Жителите, во цената на станбените единици имаат платено комуналии, во сметките за струја плаќаат улично осветлување, а во сметките за вода трошоци за јавна чистота. Но сликата на лице место изгледа како во хорор филм. Огромна бара полна со вода, кал на секоја педа, темница во вечерните часови. Хорор сцена, што дава лоша слика за градот, а уште повеќе ја отежнува секојдневната манипулација на жителите во тој комплекс.

Затоа најпрвин на овој начин сакаме да го искажеме револтот, а следен чекор би било и блокада на ул Стево Теодосиевски која е главна артерија за излез од градот и за која е вистински предизвик на децата, возрасните, мајките со колички, движењето по тротоарите кои претежно се узурпирани од возилата за кои надлежните служби се глуви и слепи.

Со почит

Заедница на станари – Комплекс нови згради

Ул. „Стево Теодосиевски“ и ул. „Маршал Тито“.

53

54

55

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари