Почитувани сограѓани,

Повторно поделби, повторно неподобни и подобни, повторно класификации!

Господине Мицковски, велите фискалната политика и даноците ќе биле предвидливи, а дури Вашето најавено присуство за изјава пред медиумите не може да го предвидите.

Велите дека наводно ќе сте се обврзале пред бизнис секторот и после исцрпни дебати ќе сте носеле законски решенија, а не можете да останете доследен на едноставна, закажана прес-конференција од Ваша страна.

Зборувате за донесување решенија во избрзана, еднострана процедура во Парламентот, а токму Вие повторно го употребувате принципот на селективност – делејќи ги медиумите, фирмите, докторите и почитувајќи го само оној кој Вам Ви одговара.

Изгледа Ве изненади новиот автопат, па затоа и пресот предвреме го одржавте.

Ве изненадија платите на докторите, развојот на болницата па се среќавате во приватна режија со нив.

Прашајте ги фирмите кои ги посетивте колку и какви субвенции имат добиено од Владата на СДСМ – или веке Ви објаснија па затоа толкава збунетост!

Претендирате за добивање на власта – и уште неседнати во премиерската фотелја, почнавте со нетранспарантност, изолираност и чистка на патот пред Вас.

Вам не Ви е приоритет туѓото време, Вам не Ви се приоритет сите граѓани!

Вие сте алчни и жедни за власт, уште сега спремни да вршите поделби, да сеете страв кај граѓаните, да го држите народот под опсада додека ги реализирате Вашите фрустрации!

Да Ве потсетиме дека:

Секој граѓанин на оваа држава е важен!

Секоја компанија заслужува еднакви мерки и решенија за развој!

Секој медиум заслужува почит!

Ние се стремиме кон едно општество за сите! Тоа граѓаните го препознаа минатите 3 изборни циклуси кога го дадоа нивниот глас за СДСМ.

Затоа, на 12 април граѓаните ќе гласаат за отворено општество за сите со просперитет кон ЕУ И НАТО! Граѓаните знаат кој е правиот пат!

Со почит,

Гоце Серафимов

Претседател на ОО СДСМ Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари