Во првиот контролен натпревар како дела од подготовките за новата фудбалска сезона денес во Виница лидерот во Трета Лига – Југ „Слога 1934“ и беше домаќин на прилепска „Победа“.

По сончево но студено време и двете екипи се трудеа да оставаат што подобар впечаток кај гледачите.

Во првото полувреме во главно се играше помеѓу двата шеснаесетника. Единствените посериозна возбудувања за гол се случија во последната третина од првиот дел, кога најпрвин ударот на Златковски со глава гостинскиот голман со крајни напори го одбрани исфрлувајќи ја топката во корнер, а додека двата удара на гостинските напаѓачи беа навреме блокирани и топката завршуваше во корнер.

Во вториот дел по извршените серија замени прилепчани подобро се снајдоа, успеаја да постигнат два гола преку искусниот Благоја Гешоски и заслужено да победат со 2:0.

Мала сенка на натпреварот фрли преострата игра на моменти од страна на поедини играчи но правовремените интервенции на мошне добриот судија Мики Пецов не дозволија играта да стана груба. Поради остра игра и меѓусебен физички контакт по еден играч од обете страни предвреме беа упатени во соблекувалните.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари