Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев денес оствари посета на зимското одморалиште на МВР во Поинква каде што се сместени и го минуваат зимскиот одмор децата и семејствата на загинатите бранители.

На средбата тој истакна дека Министерството за внатрешни работи е партнер и поддржувач на здружението и сите негови членови.

„Нивната важност и значење за нашата држава не може да се измери, затоа што жртвите кои тие ги дале за татковината доволно говорат за нивната љубов и патриотизам. Ова ме задолжува мене како министер, министерството за внатрешни работи но и сите останати институции да излеземе во пресрет на нивните барања. И секогаш кога има законска можност да направиме се за да одговориме позитивно на нивните потреби“.

Чулев на средбата ја истакна отвореноста и подготвеноста на министерството за поддршка нa семејствата, во онаа насока која тие сметаат дека е потребна, а истото е согласно надлежноста и законските можности на министерството за внатрешни работи.

Инаку, министерот Чулев, во рамките на оваа посета, наедно се сретна и со припадниците на Единицата за специјални задачи – “Тигар“, кои што на Пониква реализираат дел од нивната зимска обука .

ИЗВОР:  МВР

IMG-4159

IMG-4163

IMG-4157

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари