Членовите на Здружението на Граѓани „Green“ се упорни, тие не се откажуваат од својата хуманитарна акција со која имаа за цел на дечињата од социјално загрозените категории им подарат ранци и училишен прибор.

Реализацијата на акцијата беше планирано да се случи во Петокот во „малата сала“ во НУ ЦК „Бели Мугри“ во Кочани, но за жал столчињата кои беа наменети за дечиата останаа празни.

Имено од  „Green“ биле испратени покани до две основни училишта во градот кои требало да ги обезбедат дечињата, да ги донесат во „малата сала“ за да им се поделат ранците и училишниот прибор, но работата некаде застанала па иако се било спремно од организаторите салата останала празна.

Поради ова веќе денес од  „Green“ кои никако не се откажуваат од идејата, излегоа во Трговскиот центар во Кочани и покрај кејот на реката каде на минувачите им ги нудеа ранците и приборите по цена која минувачите сами ќе ја одредат, односно по доброволен прилог.

Целта на оваа хуманитарна акција е насобраните средства да се искористат за некои други хуманитарни цели а оние ранци и прибори што ќе останат да се поделат на дечињата во руралните средини.

Комплетната донација е обезбедена од иселеникот Влатко Ужевски кој воедно е претставник на невладината организација „Норе“ од Германија.

С. Ивановски

32

33

34

35

36

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари