Како што јавуваат одредени медиуми (Галама) утринава на автопатот А3 во близина на одморалиштето „Бабина греда“ (Република Хрватска) дошло до сообраќајна несреќа во која учествувал автобус на македонска компанија со седиште во Кочани и камион.

Според информациите до кои дошла Галама а се потврдени од полициски извори камионот излегувал од одморалиштето и сакал да се вклучи на автопатот кога на него налетал автобусот. Предниот дел на автобусот и задниот на каминот се сосема оштетени но за среќа возачите поминале без повреди.

Во сообраќајната несреќа седум лица биле повредени и веднаш биле пренесени во болницата во Винковци но за среќа сите се вон животна опасност.

Се претпоставува дека автобусот пренесувал патници на релацијата  Италија – Македонија

ИЗВОР: http://www.aktuelno24.com.mk/

avtobus-nesreka

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари