Почитувани сограѓани,

Локалното ДПМНЕ и кординаторот Миле Лефков во кукузелски стил сака да ја дефокусира јавноста со приказни од типот „дали и кога е поднесен План за вработување за 2019 година“, а знае дека ваков документ се поднесува во 2018 година. Бидејќи во тоа време не сум бил дел од односната институција, а тој документ не е од јавен карактер, нема да го коментирам.

Лефков прашува, а всушност треба да одговара! Затоа што јавноста веќе предолго ги чека информациите за јавните набавки за школски превоз, кога автобуските карти имаа авионски цени. Лефков беше еден од директорите на училиштата во Кочани, но до денес не објасни зошто ученичкиот билет од Кочани до Грдовци чинеше 130 денари во еден правец и колку тој профитираше од ваквото директорување, исто како и бившите директори кои се членови во неговиот Општински комитет.

Да ве потсетам 2017 за превоз на ученици во локалната гимназија се потрошени 4,3 милиона денари, додека 2019 година се 2 милиона денари. Тоа се суми од 2,3 милиона денара по училиште. Суми толку неопходни кои годинава се искористија во обновување на санитарните јазли кои беа оставени во неупоотреблива состојба.

Тоа е нивното домаќинско работење? Дали провизиите можат да се видат на нивните фејсбук профили со слики од патувања во странство?

Ова е за една година, пресметајте години наназад, пресметајте колку други Јавни тендери имат поминато на овој начин.

Е ова е нивната причина за борба за власт, ова е квази патриотизмот за кој се залагат да се врати , ова е причината зошто не сакаат во ЕУ и НАТО! Таму вакви приказни не поминуват.

Затоа на 12 април граѓаните ќе гласаат за иднина! Граѓаните знаат кој е правиот пат!

Со почит,

Гоце Серафимов

Претседател на ОО СДСМ Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари