Почитувани,

Поради тоа што претседателот на ОО на СДС во Кочани не даде одговор на прашањето ве информираме дека:

Согласно официјалната евиденција во Министерството за информатичко општество и администрација, 550 институции немаат годишен план за вработување за 2019 година или имаат негативно мислење за поднесениот годишен план за 2019 година и согласно член 20-б став 9 од Законот за вработени во јавниот сектор, институциите не можат да спроведат постапка за вработување на неопределено работно време.

Една од тие институции кои немаат годишен план за вработување за 2019 година или имаат негативно мислење за поднесениот годишен план за 2019 година е ЈЗУ Центар за јавно здравје Кочани. ВД Директор во оваа установа е претседателот на ОО СДСМ Кочани, Гоце Серафимов.

Дополнително прашање е дали овие институции, имаат спроведено вакви вработувања?

За делот со лични дискредитации само ќе дополниме дека на посебната сметка во споменатото училиште, локалната наследува околу 1.000.000 ден. Средствата на сметката се паричните средства собрани од наставниците.

Санацијата на санитарните во училиштето е спроведена од средства на професорите и управата од истото училиште, вработени кои несебично се откажаа од  средства кои ги следуваа за да помогнат во санација на тоалетите.

Тоа се пари од кои секој наставник се откажа доброволно, одлуката беше одобрена од наставнички совет а потоа  донесена на училишен одбор во училиштето кое е споменато.

Прашање за претседателот на ОО од Кочани:

“Од која привилегија се имате откажано Вие господине Серафимов ако се земе во предвид дека станавте в.д. Директор Веднаш по добивање на партиската функција?

Следува Обнова на Македонија

П.С. Вашиот “стил” нема да го коментираме!

Претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ Кочани

Миле Лефков

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари