Во врска со изнесените лаги од страна на вработена во ООУ „Раде Кратовче“, која неуморно пишува по социјалните мрежи и дава паушални изјави без елементарно познавање на начинот на кој функционира едно основно училиште, а со што пробува да го наруши рејтингот на училиштето и авторитетот на директорот и другите вработени за наводно не сакање да се учествува во хуманитарна акција сакам да да ја информирам Кочанската јавност и пошироко за што станува збор.

На ден 05.02.2020 (среда) Ана Симонова беше повикана од моја страна како директор на училиштето да разговараме за неисполнувањето на нејзините работни обврски во смисла на задолжително чекирање при доаѓање и заминување од работа и почитување на работното време (а не како што таа тврди дека во вторникот била на средба со мене и разговарала за хуманитарна акција).

Имено на 05.02.2020 (среда) на вработената Ана Симонова и беше укажано дека редовно не се чекира, а тоа е задолжение на секој вработен кое е пропишано со законска регулатива. На вработената и беше даден листингот за електронска евиденција на работно време од 04.09.2019 до 04.02.2020 г. од кој јасно се гледа дека вработената се нема редовно чекирано при доаѓање и одење од работа.

Исто така и беше укажано дека предходниот ден вторник 04.02.2020 го има напуштено работното место 2 часа и 40 минути пред завршувањето на работното време. По негодување и непризнавање од нејзина страна и беше покажана снимката од видео надзорот, од каде јасно се гледа дека вработената си заминува од училиштето во 15:51 часот, а треба да биде на работното место до 18:30 часот.

Потоа од Ана Симонова побарав да ме информира зошто бара од стручната служба списоци од ученици, што планира. Таа ми кажа дека здружението Грин-орг-ко, на кое таа била претседател организира хуманитарна акција на која ќе се донираат ранци и училишен прибор, но сеуште не знаела каде точно ќе се одржи настанот дали во ОУ „Никола Карев“ или пак во Домот на културата „Бели Мугри“.

По добиената информација од неа и објаснив дека ако настапува како член на здружение треба училиштето да добие навремено официјално барање за соработка, а ако настапува како наставник вработен во училиштето треба да ги организира учениците и настанот да го евидентира како вон наставни активности на учениците.

На 06.02.2020 г. училиштето добива задоцнето барање (по моја сугестија од предходниот ден) за соработка од здружението на Ана, на кое барање беше веднаш одговорено позитивно и укажано ако може таа да ги организира учениците, имајќи во предвид дека настанот е закажан за следниот ден и тоа попладне во 18:00 часот надвор од наставата.

Истата таа Ана Симонова поборник за чист воздух и хуманитарец организира протести против загаден воздух додека е на боледување и иронијата да биде поголема оди на официјална средба на 08.11.2019 г. со градоначалникот и бара подршка од него, чудна некоја волонтерка за на работа болна а за на улица здрава. Поради ова од моја страна и беше укажано дека го злоупотребува боловањето и треба да размисле како се однесува.

Ана Симонова, бивша Чаршавска, без тронка одговорност и свест пишуваш по социалните мрежи лаги и невистини со намера да ми извршеш некаков си притисок со што сакаш да се сокрие твоето неработење и крајно непрофесионално однесување.

АНА СИМОНОВА ЦЕЛИОТ ТВОЈ ЖИВОТ Е ЕДНА ГОЛЕМА ЛАГА.

Директор на

ООУ Раде Кратовче – Кочани

М-р Благој Давитков

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари