Би сакала да се надоврзам за реакцијата на колегата Директор на ООУ „Раде Кратовче“ во врска со изнесените лаги од страна на невладината организација Грин-орг-ко.

Како што досега се објавуваше по социјалните мрежи, па и на ТВ Стар од нивна старана, дека тие разговарале со мене како Директор на ООУ „Никола Карев“, дека јас , не сум дозволила на учениците да присуствуваат во хуманитарната акција, сум ги спречила, е голема лага.

Слободно ги повикувам јавно да се произнесат Ана Симонова и Орце Николов, кога, каде, како и лично имаат со мене разговарано во врска со хуманитарната акција. Ниту Ана, ниту Орце досега сум ги сретнала и имам за нешто контактирано со нив.

За случувањето неофицијално дознав од педагошката служба во средата на 5.02.2020 год. Кога првично ми дадоа информација дека невладината Организација Грин-орг-ко бараат 30-40 деца од социјално ранлива категорија да присуствуваат на презентација надвор од училиштето. Не беше дефинирано местото и часот на одржување. Информацијата била пренесена од нашата вработена наставничка Марија Дончева, сестра на Ана Симонова.

На ова побарав писмено да бидеме известени. По конкретно за што станува збор .

Известувањето го добивме во четвртокот на 6.02.2020 год. Бидејќи во писменото барање се бараше ,,Согласност од училиштето за учество во хуманитарна акција за деца од ранливи категории и за деца кои покажуваат посебен успех и амбиции на училиште“, им одговорив дека : Организирањето на хуманитарната акција надвор од наставата, поради краткиот рок за обезбедување на согласност од родителите за нивно присуство, не можеме да организираме ученици кои ќе присуствуваат.

Во барањето стои дека сакаат да присуствуваат само ученици од нашето училиште , но не и нивните родители.

Зад секој ученик постојат родители кои треба да биде контактирани и информирани.

Би апелирарала и замолила во иднина, јавно да не ги делеме и категоризираме децата од ранливите категории, бидејќи децата се чувствителни и невини.

Постојат други начини како можеше да биде спроведена оваа хуманитарна донација.

Се прашувам која е целта и зошто вината сакаме да ја префрлеме на некој друг, зошто од пет основни училишта во општината се избрани само две ООУ „Никола Карев“ и ООУ,,Раде Кратовче“, од која причина се изоставени другите три училишта? Зошто донацијата не е понудена да се направи во училиштата?

Поговорка: На лагата им се кратки нозете.

Директор на ООУ ,,Никола Карев“ –Кочани

Биљана Петрова

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари