Во присуство на голем број верници на денот кога се чествува споменот на Светите три светители, на храмот кој е во изградба, а е посветен на Светото Преображение кој се наоѓа во местото викано „Стопански двор“ наспроти  фабриката „Руен“  беше извршен    чин на осветување и поставување на крст на куполата на храмот. Чинот   го изврши Митрополитот Брегалнички Иларион во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија од кочанското архиерејско намесништво.  Ова е убав чин на градење  нови цркви  кога верниците и до овој дел од градот ќе добијат  храм во своја близина за извршување на верски обреди и упатување молитви кон Бога, истакна Владиката Иларион апелирајќи  ваквиот пример на изградба на нова црква да го следат и други верници кои имаат можност за такво нешто.

„Му благодариме на Господ што благослови на ова место во Кочани да се продолжи со градбата на црквата која многу брзо се гради благодарение на едно многу честито и богољубиво семејство кое што го гради храмот со многу љубов. Истиот ќе биде за духовна полза на сите христијани кои што живеат во овој крај. Храмот е посветен на Преображението Господово што се празнува на 19 август. Храмот ќе биде духовно место каде што сите луѓе ќе му се молат на Бога и ќе му благодарат, но ќе се извршуваат и свети тајни крштевање и венчавање и ќе биде духовен центар  за верниците од овој крај. Кога ќе биде готова и оваа црква и она што се гради  во Драчевик тогаш заедно со старата црква „Св. Ѓорѓи“  Кочани ќе има три храмови за молитва на верниците“, рече Владиката Иларион, Митрополит Брегалнички.

На свечениот чин присуствуваше и градоначалникот Николчо Илијев и други претставници од општината, а покрај осветување на крстот Владиката Иларион го освети и пресече и Славскиот колач.

С. Ивановски

DSCN8862

DSCN8840

DSCN8914

DSCN8924

DSCN8933

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари