Вечерта во неделата спрема понеделникот некој „голем домаќин“ го фрлил сметот во долот кај Општа болница за да утринава веднаш дежурните душегрижници за убаво и чисто Кочани ги преполнат социјалните мрежи дека еве се создаваат поголеми вештачки депонии само поради тоа што некој навреме не го чисти сметот.

Но проблемот не е ниту фрлениот смет, ниту создадената нова дива депонија бидејќи откако станавме многу „културен“ народ такви нови депонии ги има веќе стотина, проблемот е што некој поради несобраниот смет мора да биде критикуван, мора да биде навредуван, дека еве сите плаќаме за собирање на смет ама некој не си ја гледа работата за која е платен.

За жал овие финти веќе долго време не проаѓаат кај народот освен кај оние што секогаш гледаат во дворот на соседот, а во својот не сакаат да погледнат.

58

Ги критикуваат вработените од КЈП „Водовод“ дека не си ја гледале работата како што треба иако земале плата од парите на населението, без притоа да помислат дека комуналците не се платени да трчаат по секојдневно создадените депонии за да  го собираат сметот, се знае што е нивната работа и од каде треба да го собираат, од контејнерите и кантите за отпадоци.

Денес наш читател кој живее во непосредна близина на новата дива депонија ни испрати фотографии како било пред да стигнат комуналците а како е откако си заминале. Разликата е голема. Просторот е исчистен и спремен пак да го прими сметот кој оние што сакаат да му наштетат на градот набргу ќе го фрлат. Кој знае доколку не им текне на друго место да го истурат.

Тешко е да се живее со вакви сограѓани, тешко е.

С. Ивановски

57

60

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари