Со донација од 303.000,00 денари од Фондот за мали грантови на германската Амбасада во Македонија, Детската градинка „Гоце Делчев“ ја комплетираше кујнската опрема со два големи фрижидери ладилници за млечна храна, современа машина за садови, и количка за транспорт на храна.

Увид и примопредавање на овој инвентар вчера изврши заменик амбасадорот на Германската Амбасада во Македонија, Ото Граф.

Со директорката Наташа Анакиева разговараа околу користењто на донацијата, како и актуелната состојба со градинката и објектите во Виница.
„Денес сме во посета на Виница на примопредавање на проектот од Фондот за мали грантови на Германската Амабасада. Станува збор за кујнски апарати за потребите на детската градинка во Виница. Се уверив дека нашата донација е во вистински раце, станува збор за градинка која згрижува дури 400 деца. Инаку, ние како Амбасада се трудиме со нашите грантови да бидеме рамномерно застапени во сите региони“, истакна амбасадорот Граф.

Првата официјална посета на Виница беше искористена и за работна средба во кабинетот на градоначалникот Димитров, на која средба се начнаа повеќе актуелни прашања околу соработката помеѓу Мкаедонија и Германија, а амбасадорот Граф се интерисираше и за потенцијалите на Виница, стопанските капацитети, земјоделските дејности, како и расположивите човечки ресурси во општината.
Посетата беше заокружена со посета на Музејот „Теракота“.

Општина Виница

86254413_10159255368661729_3573684026046676992_o

84252126_10159255369951729_7085494018787770368_o

85035272_10159255369266729_6259621002322378752_o

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари