Почна изградбата на првите три од планираните единаесет улици во Кочани преку Проектот за подобрување на општинските услуги.

Во Тркање се изведуваат земјените работи на улицата „Борис Ефтимов“ и на третиот крак од „Маршал Тито“, а во Оризари – на улицата „АСНОМ“. Градежната фирма „Ленди груп“, избрана согласно критериумите и процедурите на Светска банка, на овие улици ќе извршува градежни работи до асфалтирање, во вкупна должина од околу 700 м.

111

Со одобрените средства од Меѓународната банка за обнова и развој, од компонентата Општински инвестиции ќе се асфалтираат уште осум улици: „Кирил и Методиј“, „Скопска“, „560“, „Стефка Тасева“ (со „Скоевска“ и „555“), „Петар Синадинов“ и „Искра“ во Кочани и два крака на „Раде Кратовче“ во Оризари. На дел од нив е предвидена и изградба на атмосферска канализација, потпорни ѕидови и тротоари. Од вкупно единаесетте, шест се во градот Кочани и пет улици се во руралните области.

Се очекува изградбата на овие улици значително да ја подобри патната инфраструктура во општината. Заедно со улиците и патиштата што се градат од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Бирото за регионален развој и од Буџетот на Општината, 2020 година е под знакот на максимален број инфраструктурни проекти во Кочани.

Општина Кочани

4_0265

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари