Онака како што доликува на една долгогодишна традиција, лозарите и годинава го одбележаа својот голем празник „Свети Трифун“ заштитникот на лозјата.

Уште во претпладневните часови семејствата на оние што имаат лозја, во придружба на нивните најблиски како и на голем број пријатели се упатија кон своите лозови насади за да уште еднаш со закројување на лозите си посакаат богат род.

Со чаша убава домашна ракија и убаво домашно вино ги пречекаа гостите и веднаш ги понудија да седнат на трпезата на која имаше се она што во вакви пригоди и треба да се има.

А по дочекот, следуваше она за што и се слави големиот празник, закројување на лозниците.  И додека домаќините кои традицијата ја наследиле од своите предци со радост ја пренесуваат од колено на колено ги кроеја лозовите насади истурајки врз стеблото и коренот вино и ракија со надеж дека оваа година родот ќе биде побогат а виното и ракијата уште поубави од мпретходните.

Таква беше атмосферата кај нашите добри домаќини, но таква беше и наоколу. Знаат лозарите да си го пречекаат и да си го прослават „Свети Трифун“ и тоа на најдобар можен начин.

С. Ивановски

DSCN8999

DSCN9000

DSCN9009

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари