Таблата поставена на почетокот на оваа седмица на зградата на Основен Суд – Кочани која се однесува на „Државното правобранителство на Република Северна Македонија“ а освен на Македонски е напишана и на Албански јазик, внесе немир меѓу населението на Кочани. Посебно гневот е изразен преку социјалните мрежи.

Дали реакциите се оправдани или не најдобро е да се погледне „Предлог – законот за употреба на јазиците“ каде јасно пишува дека во населено место каде што албанскиот јазик  го зборуваат помалку од 20% проценти, двојазични табли не треба да се поставуваат на државните и другите објекти објекти.

Како Кочани ги исполнува условите и е град во кој не е запазен процентот на население кое зборува на албанскиот јазик значи дека и таблата е незаконски поставена.

За да се смират страстите, потребно е што побргу да се излезе и јавно да се каже која е намерата од поставувањето на двојазичната табла.

Доколку тоа не е предвидено со Законот, за доброто на сите е таблата да биде отстранета.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари