Поради врнежите од дожд кои го зафатија Источниот регион на повеќе места на коловозот на патниот правец Кочани – Делчево се појавија ситни одрони.

Иако како што истакнуваат возачите одроните не се големи сепак се доволни да предизвикаат штета доколку не се внимава при возењето.

Од „Македонија пат“ истакнуваат дека одроните се најповеќе на патниот правец Кочани – Делчево, после селото Истибања и на коловозот на патниот правец Македонска каменица – Делчево.

Препорачливо е внимателно возење.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари