Група на незадоволни граѓани денес во претпладневните часови се собраа пред влезот на фабриката „Папер мил“ (Некогашна целулоза) со цел да го искажат својот револт што оџакот на фабриката и понатака испуштаа чад кој според протестантите го загадува воздухот.

Повеќе од половина година поголема група на граѓани водат отворена „борба“ против загадувањето или како што истакнуваат тие се за чиста животна средина а не за загаден воздух од кој последици ќе имаат не само овие генерации, туку и оние што допрва доаѓаат.

Како што дознаваме доколку се продолжи и понатака со загадувањето најавено е следниот протест да биде многу помасовен од денешниот.

С. Ивановски

8382

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари