Маратонката Адријана Поп Арсова го доби признанието за спортист на Виница за 2019 година, со што втор пат по ред е оценета како најуспешна на изборот што го направи стручна комисија во локалната самоуправа.

На втората манифестација „Спортски асови“, чиј организатор Општина Виница, беа доделени награди и признанија за спортистите и екипите во повеќе категории, а во образложението беше речено дека целта е да се поттикнат младите да спортуваат и да постигнуваат забележителни спортски резултати

„Токму рекордерката во маратонско трчање, Адријана Поп Арсова е одличен пример за младите генерации затоа што во 2019 година постави 7 национални рекорди, двапати го подобри националниот рекорд на пет километри, двапати го сруши рекордот на десет километри и постави нов национален рекорд во полумаратон и маратон. Победничка е на Охридскиот маратон во конкуренција на кенијски атлетичарки, победи на полумаратонот во Софија, беше прогласена за најдобра спортистка за 2019 од ТАКТ, добитник е на признанието за особен придонес во атлетиката, а избрана е во Топ 3 најдобри спортисти на градот Скопје“, истакна Македонка Мирева, член на комисијата „Спортски асови“.

IMG_4908

Признанието за спортска надеж на Виница за 2019 година го доби Лука Змејковски од клубот за боречки вештини „Лидер“, а фудбалскиот клуб „Слога“, кој без примен гол стана есенски шампион во третата лига – југ, е прогласен за најдобра екипа.

Наградата за најдобар тренер му припадна на Дарко Гоцевски од клубот „Лидер“,а Златко Насев од ФК „Слога“ е спортски работник за минатата година.

За надобра училишна спортска екипа е избран тимот од ОУ „Славчо Стојменски“, а признанија за придонес во спортот им беа доделени на Ангелина Атанасова за промовирање на алпинизмот, како и на Драган Јовановски за постигнатите резултати во стрелаштво.

81

82

IMG_4907

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари