Со импровизирано пристигнување на партизански Баталјон, со одземање на пушките на мостот во Истибања и давање рапорт на градоначалникот Ивица Димитров за првпат во овие 76 години од Февруарскиот поход, вчера во центарот на Истибања имаше симболична симулација на случувањата од Втората Светска Војна .

Во присуство на 300 претставници од боречките организации од голем број општини, претставници од АРМ, од Полициската Станица во Виница, како и од повеќе пензионерски здруженија, виничката организација на борците организираше одбележување на 76 години од Февруарскиот поход., настан кој има голем историски белег, но чествувањето беше на завидно ниво, а комплетен осврт кон маршутата на походот даде секретарот на Боречката организација во Виница -Тодор Димитров

82

„Февруарскиот поход се случува во времето на Втората светска војна, која војна е најужасната и најкрвавата војна во историјата на човештвото. Македонскиот народ масовната подготовка во Војната ја почнува со формирањето на Првата Македонско-косовска бригада, која е формирана во ноември 1943 година во Западна Македнија во селото Сливово. Бригадата броела 800 борци кои во декември заминале на слободна територија во Егејскиот дел на Македонија на планината Пајак. Во декември 1944 година, на планината Пајак е формирана и Втората македонска бригада со 480 борци. Раководствaтa на двете бригади одлучиле, од борците на двете бригади, да формираат поход преку кој ќе биде информиран македонскиот народ, дека македонскиот народ повеќе нема да се бори за туѓи интереси, туку ќе се бори за сопствена македонска држава. Со борците од двете бригади, кои биле распоредени во три групи, формиран е Февруарскиот поход“, истакна Димитров.

83

Пред споменикот на паднатите борци во Истибања, цвеќе положија претставници од сите присутни организации и институции, а беа врачени и Благодарници за придонесот во зачувувањето и одбележувањето на важните датуми во македонската историја.

Истибањци како добри домаќини , ги удостоија гостите и со сплет на песни и ора од репертоарот на ФА “КИТКА“.

Општина Виница

84

85

86

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари