Амбасадорот на Кралството Холандија Дирк Јан Коп денеска ја посети Општина Кочани и оствари средба со градоначалникот Николчо Илијев.

На средбата, која е дел од проширената посета на амбасадорот на холандските инвестиции во Кочанско, беа разменети мислења за локалниот стопански амбиент и потребите за поддршка на инвеститорите.

Амбасадорот Коп ја потенцираше досегашната успешна соработка која резултира со пет холандски фирми на кочанско тло.

Во разговорот за правците и можностите за развој на Кочани, градоначалникот Илијев изрази надеж дека соработката ќе продолжи и ќе се унапредува со инвестиции како во земјоделството, така и во планинскиот и бањскиот туризам.

Од почетокот на мандатот на амбасадорот Дирк Јан Коп, во септември минатата година, ова е негова прва посета на единица на локалната самоуправа.

PIC_0533

PIC_0552

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари